Решавањето на сложувалки помага во зајакнување на нашите мозочни клетки. Исто така, помага при развој и поттикнува обнова на истите. Составувањето на сложувалки е одлична вежба за зголемување на брзината на размислување и подобрување на процесите на размислување.
Еве неколку научно докажани придобивки од решавањето на сложувалки: Подобрување на меморијата, подобрено визуелно-просторно размислување, развивање коефициентот на интелигенција, одложување на деменција и Алцхајмерова болест, позитивно влијаат на расположението, го намалуваат стресот, доколку се решаваат во друштво го поттикнуваат натпреварувачкиот карактер…